Yusuf Hatip
03 Септември 2018•Ажурирај: 04 Септември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, и потпретседателка на Европската комисија (ЕК), Федерика Могерини, изјави: „Можен напад врз Идлиб може да предизвика катастрофални последици врз луѓето на овој град кои веќе претрпеа доволно страдања во изминатиот период“, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини во своето обраќање на отворањето на конференцијата на амбасадори на ЕУ, истакна дека војната во Сирија сѐ уште не е завршена, и додаде: „Можен напад врз Идлиб може да предизвика катастрофални последици врз луѓето на овој град, кои веќе претрпеа доволно страдања во изминатиот период. Во престојните недели треба да направиме сѐ што е во наша моќ да го спречиме тоа.“
Потсетувајќи на вториот постоечки блискоисточен проблем меѓу Израел и Палестина, чија тензичност расте со тек на времето и е сѐ потешка можноста за решавање на спорот меѓу двете земји, Могерини изјави: „Целиот свет се движи кон хаос, и прашање кое треба да се постави во моментов е дали е ова само „момент“ или долгорочен тренд?“
Идлиб е последниот бедем на опозицијата во кој живеат околку 4 милиони цивили, а се стравува од можна операција на режимот на Асад и неговите поддржувачи. Каков било судир кој би можел да настане во Идлиб, кој е од стратешка важност, би можел да предизвика нов бегалски бран кон Турција и Европа.