Muhammed Bilal Kenasari
04 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад да не оди во безoбѕирни напади на Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
„Русите и Иранците би направиле голема хуманитарна грешка ако бидат дел од таа потенцијална човечка трагедија“, порача Трамп во синоќешната објава на Твитер.
Трамп уште предупреди дека во нападите врз Идлиб би биле убиени стотици илјади луѓе.
„Не дозволувајте да се случи тоа“, порача Трамп.
Идлиб е сириска покраина која се смета за најголема тврдина и енклава на сириската опозиција. Речиси четири милиони жители на тој регион стравуваат дека силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад би можеле да започнат нови напади.
Станува збор за регион од стратешко значење во кој нови судири би предизвикале нов голем бран на бегалци кон Турција и ЕУ.