Sarp Özer
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа 5 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство за национална одбрана се истакнува дека терористите се обиделе да нападнат во областа „Извор на мирот“, со цел да ја нарушат атмосферата на мирот и безбедноста во регионот.
Наведувајќи дела неутрализирани се 5 терористи на ПКК/ЈПГ, во соопштението се додава: „Не дозволивме напади во областа ‘Извор на мирот‘, нема ни да дозволиме.“
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.