Erdal Türkoğlu
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ХАТАЈ
Турската хуманитарна фондација ИХХ во текот на 2020 година достави хуманитарна помош за 1.25 милиони лица во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврди потпретседателот на ИХХ задолжен за активностите во Сирија, Џунејт Килич.
Тој нагласи дека продолжуваат со хуманитарните активности наменети за цивилите во Сирија.
Килич рече дека минатата година во Сирија испратиле 2.704 шлепери хуманитарна помош.
„Во шлеперите претежно имаше пакети со прехранбени производи, леб, пакети со хигиенски производи, како и производи за различни потреби“, истакна тој, додавајќи дека овие производи биле доделени на семејствата погодени од војната кои живеат во шатори и различни места.
„ОД 2011 година досега, бројот на шлепери кои ги испративме во Сирија надмина 21.000. Во рамки на овие активности, минатата година доставивме хуманитарна помош за над 1.25 милиони цивили“, додаде Килич.