Ali Cura
07 Јануари 2021•Ажурирај: 09 Јануари 2021
МОСКВА
Гласноговорницата на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека изборниот систем на Соединетите Американски Држави (САД) е застарен и дека не одговара на современите демократски стандарди, јавува Агенција Анадолија (АА).
Захарова ги коментираше синоќешните нереди во Вашингтон кои се случија во текот на упадот на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп во Капитол.
Таа нередите ги карактеризираше како „внатрешни работи на САД" и додадедека изборниот систем на САД е застарен.
Говорејќи дека изборниот систем на САД создава можност за безброј кршења, истакна дека тој систем не одговара на современите демократски стандарди.
Захарова напомена дека медиумите во САД станаа средство на политичка борба кое создава општествени поделби.
„Сакаме пријателскиот американски народ да го надмине овој драматичен момент во својата историја",заклучи Захарова.