Aykut Karadağ
21 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
КАБУЛ (АА) - АЈКУТ КАРАДАГ -
Турските војници го згрижија и го нахранија двомесечното бебе по име Хадија, кое беше одвоено од мајката во метежот пред влезот на аеродромот во Кабул. Војниците се грижеа за бебето, го пресоблекоа и го нахранија, а потоа го предадоа на таткото, јавува Агенција Анадолија (АА).
Илјадници Авганистанци и понатаму чекаат пред влезот на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул со надеж дека ќе ја напуштат земјата. Меѓу цивилите кои ја поминаа ноќта на контролниот пункт на аеродромот во Кабул има голем број стари луѓе, жени и деца. Сите го чекаат моментот кога ќе се качат на авион и ќе го напуштат Авганистан.
Пред аеродромот има голем број турски војници кои им помагаат на авганистанските цивили, им делат храна и вода, и помагаат во самиот процес на евакуација.
Новинарот на АА забележа како припадниците на турската војска се обидуваат да смират Авганистанка која беше во паника откако го изгубила пасошот. На снимките може да се види како војниците ѝ даваат вода и ѝ помагаат да се смири.
За време на метежот пред аеродромот во Кабул, Авганистанката Фариста Рахмани беше разделена од нејзиниот сопруг Али Муса и двомесечното бебе Хадија.

Али Муса Рахмани ја барал сопругата меѓу илјадниците цивили, кај неа останале работите и храната за бебето, но не успеал да ја пронајде. Напомош дојдоа турските војници кои ги доведоа таткото и двомесечното бебе до безбедната зона. Припадниците на турската војска го преслекле бебето, го нахраниле, а потоа го вратиле на таткото.
Пред аеродромот во Кабул се случува и некои цивили да се обидат да го преминат ѕидот околу аеродромот висок пет метри. Така, благодарение на турските војници и припадниците на специјалните сили, беше спасено дете кое беше во опасност да настрада во стампедо на масата која сакаше да влезе во безбедната зона во воената линија надвор од аеродромот.

Турските војници при Командата на турската воена мисија во Авганистан продолжуваат да работат во соработка со војниците од другите земји за процесот на евакуација.