Sayed Khodaıberdı Sadat
17 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
КАБУЛ - Талибански милитанти во авганистанската покраина Кундуз изведоа напад врз воена касарна во кој животот го загубија 5 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Министертвото за одбрана на Авганистан се наведува дека милитанти ја нападнале воената касарна во центарот на Кундуз.
Покрај тоа, во соопштението се информира дека напаѓачите убиле 5 војници, а 3 раниле.
По нападот пристигнало воено засилување по што нападот на талибанските милитанти е сузбиен.
Сафиула Амири, потпретседателот на Покраинскиот совет на Кундуз, изјави дека во нападот загинале 15 претставници на безбедносните сили.
Од друга страна, Талибанците дадоа соопштение во кое тврдат дека во нападот се убиени 19 претставници на безбедносните сили.