Merve Berker
21 Август 2021•Ажурирај: 22 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани над 4,91 милијарда дози од вакцините против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веб-страницата „Our World in Data“, поврзана со Универзитетот „Оксфорд“, Кина предничи во количините на администрирани дози, со над 1,92 милијарди дози.
Индија е втора со над 573,21 милион дози, а потоа се САД со 360,63 милиони, според најновите податоци.
Бразил има дадено преку 173,65 милиони дози, Јапонија 115,74 милиони, Германија 99,04 милиони и Велика Британија 88,85 милиони дози од вакцините против Ковид-19.
Според податоците на турското Министерство за здравство, Турција има администрирано над 88,21 милион дози. Повеќе од 45,74 милиони лица во Турција ја имаат примено првата доза, додека над 34,9 милиони имаат примено две дози.
Индонезија има дадено над 87,26 милиони дози, Франција над 82,92 милиони дози, а по нив се Мексико, Русија, Италија, Шпанија и Канада.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, бројот на случаи на Ковид-19 низ целиот свет сега изнесува над 210,92 милиони, со над 4,41 милион смртни случаи.