Barış Gündoğan
27 Септември 2023•Ажурирај: 28 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турската национална разузнавачка служба (МИТ) во местото Сулејманија, Ирак, го неутрализираше терористот на ПКК/КЏК, Мазлум Озтурк, обучен за изведување на таканаречени „сензационални“ терористички напади во Туркије, пренесува Анадолу.
Од безбедносни извори се дознава дека терористот Мазлум Отурк, со кодно име „Берксведан Чијагер“, ѝ се приклучил на терористичката организација ПКК/КЏК од Европа.
Истиот извор рече дека поради операциите на турски МИТ во северните делови на Сирија и Ирак, ПКК/КЏК почнал да бара засилување.
Терористичката организација за таа цел ги префрлува терористите од Европа во Ирак и Сирија.
Утврдено е дека терористот Мазлум Озтурк во август 2022 година преминал од Туркије во Европа, каде што учествувал во голем број активности во рамките на Конгресот на европските курдски демократски општества (КЏДК-Е).
Овој терорист во јануари 2023 година пристигнал од Франција и му се приклучил на локалниот огранок на ПКК/КЏК во Сулејманија, Ирак, по што набргу ја поминал обуката за атентати и акции против безбедносните сили.
Терористот е лоциран во руралниот предел на Сулејманија и е неутрализиран во операција на МИТ.