Ahmet Gençtürk
27 Септември 2023•Ажурирај: 28 Септември 2023
АТИНА (АА) - Францускиот амбасадор во Нигер, Силвен Ите, ја напушти западноафриканската земја, објавија денес француските медиуми, јавува Анадолу.
„Авионот со Силвен Ите и уште шест лица ја напушти земјата рано наутро“, пишува весникот „Фигаро“, наведувајќи дека авионот полетал во правец на Чад.
Заминувањето на Ите се случи околу еден месец откако воената администрација на Нигер нареди негово протерување кон крајот на август.
Париз одби да го отповика и покрај повлекувањето на неговиот дипломатски имунитет и виза.
Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата вечер ја објави одлуката за повлекување на амбасадорот, како и на француските војници од Нигер.