Saadet Firdevs Aparı
27 Септември 2023•Ажурирај: 28 Септември 2023
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Бројни тела се пронајдени во и околу градот Монтереј во Мексико, пренесува Анадолу.
Официјални лица соопштија дека телата се пронајдени на различни локации во Монтереј и неговата околина, вклучувајќи и некои од најбогатите квартови во градот.
Монтереј е главен град на сојузната мексиканска република Нов Леон. Монтереј е трето по големина метрополитенско подрачје во Мексико.
Официјални лица на Нов Леон информираа дека се пронајдени најмалку 7 тела, како и 5 полни вреќи со делови од човечки тела.
Притоа, наведоа дека не може да се знае точната бројка на мртви, бидејќи некои тела се пронајдени во парчиња.
Херардо Паласиос, висок државен службеник за безбедност, рече дека според нивна проценка, телата би можеле да им припаѓаат на членови на наркокартел во државата Тамаулипас.