Didar Yüsra Dilruba Öz
21 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи денес соопшти дека во текот на минатата недела се неутрализирани 41 терорист на ПКК во Турција, вклучувајќи 15 кои биле неутрализирани во копнени операции, тројца повредени, четворица заробени неповредени и тројца кои се предале, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од неутрализираните 41 терорист, 16 се неутрализирани во операции со беспилотни летала и авиони“, се додава во соопштението.
„Исто така, неутрализирани се 31 експлозивна направа во 221 операција предводени од специјалните сили на жандармеријата и командните единици“, се вели од министерството.
Во операциите биле уништени и 50 засолништа и скривалишта користени од терористите.
Петмина терористи на ПКК биле спречени, а 44 тешки оружја, 78 пушки и 97 рачни гранати биле запленети, се вели од министерството.
Исто така, во операциите биле уапсени 394 лица поради помагање на терористите.
Во операциите што се спроведени со цел да се намалат терористичките извори на приходи, уапсени се 737 лица, а 292 килограми хероин биле запленети, заедно со 10,8 тони марихуана, 100 грама кокаин, речиси 584.000 опојни дроги, три килограми дрога позната како „бонзаи“ 12,12 милиони шверцувани цигари, и речиси 140.500 литри гориво.
Во одвоени операции за спречување на илегалната миграција, фатени се 3.353 мигранти, а уапсени се 76 од 93 шверцери на луѓе.
Исто така, во притвор биле задржани 29 од 45 членови на ДЕАШ кои биле уапсени во операциите против странските терористи.