Canberk Yüksel
04 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа телефонски контактираше со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, со цел да го осуди терористичкиот напад во метрото во Санкт Петерсбург во кој загинаа 10 лица, а десетици беа повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
„Трамп изрази сочувство и понуди полна поддршка од Соединетите Американски Држави во одговор на нападот и доведувањето на одговорните пред лицето на правдата", се вели во соопштението од Белата куќа.
Двајцата претседатели се сложија дека тероризмот мора да биде одлучно и брзо поразен, се наведува во соопштението.
Односот на двајцата претседатели го привлече вниманието на светските медиуми, делумно поради контроверзите со наводното руско мешање во минатогодишните претседателски избори во САД, што резултираше со победа на Трамп.
Вчерашната експлозија во Санкт Петерсбург, која канцеларијата на рускиот државен обвинител го окарактеризира како терористички напад, доведе до пораки за поддршка на Москва од целиот свет, а Русија прогласи тридневна жалост.