Nezir Aliyev
04 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
БИШКЕК (АА) - Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан соопшти дека извршител на вчерашниот бомбашки напад врз метро станицата во Санкт Петербург е руски државјанин, по потекло од Киргистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан, Рахат Сулејмановна новинарите им изјави дека бомбашот-самоубиец е руски државјанин со Киргистанско потекло.
Портпаролот Сулејманов рече дека се во блиска соработка со руска разузнавачка служба и додаде дека го истражуваат случајот.
Руските медиуми го соопштија идентитетот на напаѓачот. Станува збор за 22 Акбарџан Џелилов, руски државјанин со киргистанско потекло.
Вчера во Санкт Петербург беше извршен саоубиствен бомбашки напад врз метро станица во градот, во кој животот го загубиле 10 лица, а 47 се ранети.