Emre Gürkan Abay
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Во Москва е одбележана годишнината од атентатот врз рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој е убиен на 19. декември 2016 година во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
На полагањето цвеќе пред куќата на Карлов во Москва присуствуваа министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, сопругата на починатиот амбасадор Марина Карлов, амбасадорот на Турција во Москва, Хусеин Дириоз, други официјални претставници на двете земји и претставници на медиумите.
На објектот е истакнат и релјеф со лик на Карлов, а во таа пригода, Лавров рече дека убиениот амбасадор бил негов пријател и многу успешен дипломат.
„Во последните неколку години направи многу нешта во Турција и придонесе за развојот на нашите односи со еден од нашите најважни соседи. Андреј Карлов почина служејќи ѝ на својата земја и никогаш нема да го заборавиме”, рече Лавров.
Рускиот министер рече дека Карлов бил професионалец, кој во секој момент бил подготвен да помогне.
„Беше личност која им даваше потстрек на многу дипломати, поради што најискрено се сеќаваат во секој момент. Тој им го покажа патот”, додаде Лавров.
Турскиот амбасадор Дириоз рече дека Како што Карловата смрт е загуба за Русија, таа истовремено е загуба и за Турција.
„Тоа беше чин насочен кон односите на двете земји. Зад него стои ФЕТО. Истрагата е продолжена со поддршка на нашите руски пријатели”, рече Дириоз за АА.