Ramazan Turgut
19 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
РИЈАД (АА) - Командата на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија соопшти дека балистички проектил лансиран од териториjaта на Јемен е уништен на небото над Ријад, главен град на Саудиска Арабија, од страна на системите за воздушна одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на државната телевизија на Саудиска Арабија, Хусите лансирале балистички проектил од територијата на Јемен кон Ријад.
Во соопштението се наведува дека проектилот бил уништен од страна на системите за воздушна одбрана во јужниот дел на Ријад.
Во околу 15 часот по локално време се слушнале две силни последователни експлозии над Ријад, а потоа се забележал чад на небото.