Mehmet Tosun
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Поради терористичкиот напад кој беше извршен врз џамијата Ел Равда во Египет во кој животот го загубија 305 лица, а најмалку 128 лица се повредени, Турција донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за национале Ден на жалост, јавува Anadolu Agency (AA).
Прес-центарот на владата на Турција даде писмено соопштение во кое се наведува дека во знак на солидарност поради крволочниот терористички напад врз џамијата Ел Равда во кој животот го загубија 305 лица, утре во Турција е прогласен еднодневен Ден на жалост.
Во рамките на донесената одлука, утре до зајдисонце во цела Турција и во сите турски претставништва во странство, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.