Ercan Canbolat
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Анкара на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин на аеродромот „Есенбога“ беше пречекан од делегација во која беше и рускиот амбасадор во Анкара, Алексеј Јерхов.
Планирано е Ердоган и Путин да се сретнат во претседателската палата.
Како што се наведува, темите на разговорите ќе бидат билатералните односи, последните случувања во Сирија и Кудс, како и други регионални и глобални прашања.
По состанокот и работниот ручек на двајцата претседатели, ќе биде одржана и заедничка прес-конференција.