Nilay Kar
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за внатрешни работи соопштува дека најмалку седуммина терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции во земјата, во текот на изминатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, во периодот од 4 до 11 декември, биле спроведени 1.323 операции во јужната област Хатај, источните области Батман, Бинѓол, Битлис, Тунџели и во југоисточните области Дијарбакир, Хакќари, Мардин и Сирт.
Двајца терористи се неутрализирани, двајца се заробени живи и тројца се предале за време на операциите.
Исто така, 153 осомничени лица се уапсени за помагање и поттикнување на ПКК, 67 поради поврзаност со ДЕАШ, 699 поради поврзаност со ФЕТО и четворица други поради поврзаност со екстремно левичарските терористички групи.
За време на операциите, уништени се 22 засолништа на ПКК и 34 рачно изработени експлозиви.
Oткако ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, ја продолжи својата долгодецениска кампања на напади во јули 2015 година, животот го загубија повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи припадници на безбедносниот персонал и цивили.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, е виновна за минатогодишниот обид за државен удар којшто се случи на 15 јули, при што загинаа 250, а беа повредени речиси 2.200 лица.
За време на операцијата, исто така, запленета е тешка муниција, вклучувајќи рачни гранати и пушки.
Во 2.000 операции во 77 области спроведени од страна на тимовите за борба против наркотички средства, запленети се 2,2 тона хашиш и 78 килограми хероин.