Enes Kaplan
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, со највисоки државни почести во Анкара го пречека рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
По официјалниот прием пред претседателската палата, двајцата лидери го започнаа состанокот.
Путин пристигна во посета на Анкара на покана на турскиот претседател. На состанокот ќе се разговара за билатералните односи, неодамнешните настани во Сирија и Кудс, како и за други регионални и глобални прашања.
По состанокот и работниот ручек на двајцата претседатели, ќе биде одржана и заедничка прес-конференција.