Meltem Bulur
14 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, учествуваа на 6. Состанок на заедничката група за стратешко планирање при Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија (ÜDİK), јавува Anadolu Agency (AA).
Рускиот министер за надворешни работи, Лавров, во неговото обраќање на отварањето на состанокот кој се одржа во државната резиденција на руското Министерство за надворешни работи, истакна дека треба да направат се што можат за состанокот на ÜDİK кој ќе се одржа на 3 април во Турција, да биде плоден.
Лавров информираше дека успешно напредуваат работите околу Нуклеарната централа Аккују, и Турскиот тек, и дека постои исклучително позитивна соработка во областа на економијата.
Осврнувајќи се на регионалните прашања, Лавров рече дека имаат за цел да разменат мислења околу повеќе прашања на меѓународните платформи како Средна Азија, Украина, Кавказ, Блискиот Исток, пред се Сирија.
Лавров потсети дека состанокот во Сочи, како и преговорите во Астана предовдени од страна на Турција, Русија, и Иран, околу Сирија, даваат придонес за едно политичко решение во оваа земја. Тој нагласи дека со неговиот колега ќе разговараат и за тоа како ќе се реализира решението за кое станува збор.
„Затоа, нашата агенда ќе биде исклучително плодна и богата“, додаде Лавров.
Од друга страна, шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, изрази задоволство поради што се наоѓа во Москва по повод овој состанок.
Чавушоглу истакна дека лидерите на двете земји покажале заедничка волја за повеќе развивање на односите и зајакнување на соработката во регионалните прашања. Тој рече дека и тие ќе работат заедно во оваа насока.
Турскиот министер за надворешни работи истакна дека ќе ги реализираат проектите кои имаат историско значење, како што се Нуклеарната централа Аккују и Турскиот тек.
Истакнувајќи дека ќе разговараат околу подготовките за состанокот на ÜDİK кој ќе се одржи на 3 април во Турција, Чавушоглу рече: „Оваа средба е важна пред состанокот кој ќе се одржи во Астана и пред трилатералниот самит на Сочи кој ќе се одржи во Турција“.
Чавушоглу нагласи дека заедно ќе продолжат да го задржат духот на преговорите во Астана и Сочи, додека во исто време продолжува процесот во Женева.
Инаку, последниот состанок на ÜDİK меѓу двете земји се одржа на 11 март минатата година во рускиот главен град, Москва.
По состанокот, двајцата министри ќе ги одговорат новинарските прашања на заедничката прес-конференција.