İlkay Güder
14 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека надева дека до вечерва Африн ќе биде целосно под опсада, јавува Anadolu Agnecy (AA).
Ердоган во Анкара им се обрати на претставниците на локалните заедници, а во таа прилика се осврна на борбата против тероризмот, поконкретно на операцијата „Маслинова гранка“.
Турскиот претседател изјави дека се ближи целосно ослободување на сирискиот град Африн.
„Се надевам дека до вечерва Африн ќе биде под целосна опсада“, истакна Ердоган.
Тој додаде дека турската војска во Африн е многу внимателна, и дека моментално цивилите со возила преку специјален коридор се евакуираат од Африн.
Ердоган се осврна и на загинатиот турски војник Орхан Сурмен, кој загина вчера недалку од Африн, откако беше активирана експлозивна направа скриена под Куран кој војникот се обидел да го подигне од земја.
„Тие (терористите) се такви никаквеци, такви убијци, што мојот Мехмет (турски војник) загина подигајќи од земјата Куран, под кој имаше ставено бомба. Тие се неверници, тие се ќафири (безбожници)“, порача Ердоган.
Тој додаде дека од терористите ќе бидат исчистени Африн, Мунбич и источниот дел на Еуфрат.
„Африн ќе го исчистиме од терористите, ќе ги исчистиме и Мунбич и источната страна на Еуфрат, ќе го исчистиме регионот од терористите, сè до нашата граница со северен Ирак“, изјави Ердоган.