Hakan Çopur
01 Март 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
ВАШИНГТОН
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека има намера да заземе влијателна улога во Републиканската партија, а навести можна повторна кандидатура на претседателските избори во 2024 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Трамп се обрати на собирот од конзервативците на Флорида, што беше негов прв јавен говор од тој вид, откако на 20 јануари ја напушти Белата куќа и функцијата претседател на САД му ја препушти на Џо Бајден.
Тој во обраќањето остро го критикуваше Бајден и уште еднаш го изнесе тврдењето дека ноемвриските претседателски избори биле нерегуларни.
„Ви недостигав ли? Мојот политички пат не е завршен, тукушто го започнав пред четири години“, изјави Трамп.
Отфрлајќи ги пишувањата на некои медиуми за намерата да формира нова партија, Трамп изјави дека е член на Републиканската партија и дека планира да преземе влијателна улога во таа политичка опција.
„Уверливо победив и на ноемвриските избори, но сум украден. Кој знае, можеби повторно ќе бидам кандидат и трет пат ќе победам“, порача Трамп.
Повеќето говори Трамп ги посвети на критиките на администрацијата од Бајден за којашто изјави дека имала најлош прв месец од мандатите досега.