свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 3 милиони и 925 илјади

Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 3.485.227 лица

Gökhan Kavak  | 01.03.2021 - Обновена : 02.03.2021
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 3 милиони и 925 илјади

АБУЏА

Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 3 милиони и 925 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Интернет страницата „Worldometers“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Според последните податоци, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 3.925.683.

Исто така, вкупната бројка на починати на овој континент се зголеми на 103.908.

Во Африка од коронавирусот досега се опоравиле вкупно 3.485.227 лица.

Најмногу откриени случаи со овој вирус се регистрирани во Јужноафриканската Република, Тунис, Мароко, Египет и Етиопија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.