Alaattin Doğru
25 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
ДАКАР
Во северниот дел на Буркина Фасо неутрализирани се 80 терористи, а животот го загубија 35 цивили и 7 војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Рош Марк Кристијан Каборе на националната телевизија соопшти дека терористите во раните утрински часови извршиле напад врз цивилни населени места во подрачјето на градот Арбинда во регионот Сум и врз воен камп, информирајќи дека се зголемува бројот на загинати и ранети.
Претседателот Каборе истакна дека војниците со неверојатна храброст и успех се бореле против терористите, информирајќи: „Во судирот се убиени 80 терористи. Животот го загубија и 35 цивили и 7 војници, а голем број лица се ранети.“
Претседателот Каборе информираше дека се запленети и големо количество муниција и транспортни возила кои им припаѓале на терористите.
Тој им изрази сочувство на семејствата на загинатите, на ранетите им посака што побргу да заздрават и објави дека во земјата е прогласена 48-часовна национална жалост.
- Продолжува вонредната состојба во 7 региони
Во нападите што терористите ги изведоа во Буркина Фасо за период од 4 години животот го загубија повеќе од 600 лица.
Поради зголемените терористички напади во Буркина Фасо, во северниот, западниот, централниот дел од земјата и во регионот Сахел од 1 јануари 2019 година е прогласена вонредна состојба.