Mustafa Melih Ahıshalı
25 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
ИСТАНБУЛ
За време на пробен лет се урна воен авион на Иранските воздухопловни сили. Во несреќата животот го загуби пилотот на авионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Иранската државна телевизија објави дека воен авион на Иранските воздухопловни сили за време на пробен лет се урнал на планината Себалан, сместена во северозападниот дел на Ердебил.
Соопштено е дека до несреќата дошло поради техничка грешка. Во несреќата животот го загубил пилотот на воениот авион.
Не се објавени информации за моделот на паднатиот воен авион.