свет

Дневната загуба од прекинот на интернетот во Иран проценета на 176 милиони долари

Со одлуката донесена од иранскиот Национален совет за безбедност, на 16 ноември беше забранет пристапот до интернет, со цел да се спречат протестите низ целата земја кои започнаа поради покачување на цената на бензинот

Muhammet Kurşun  | 10.12.2019 - Обновена : 11.12.2019
Дневната загуба од прекинот на интернетот во Иран проценета на 176 милиони долари

ТЕХЕРАН (АА) - Претседателката на Групата за иновации и технологија на иранското Собрание, Фатма Хусејни, истакна дека дневната загуба од немањето интернет во Иран изнесува 176 милиони американски долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во својот говор пред Генералното собрание на Парламентот, Хусејни се осврна на штетата врз економијата предизвикана од прекинот на интернетот во земјата.

Хусејни, истакнувајќи дека политичките ризици во земјата фрлаат сенка врз економијата и дека тоа го отежнува развојот на технологијата и иновациите, рече: „Според извештаите, оние што имаат деловни активности од областа на технологијата, претрпеле 176 милиони американски долари загуби дневно поради прекинот на интернетот. Собранието на овие компании треба да им дозволи да имаат пристап до интернет за да се минимизираат загубите што ги прават.“

Таа, исто така рече дека прекините на интернетот исто така ја попречуваат работата на многу институции и бизниси во земјата.

Со одлуката донесена од иранскиот Национален совет за безбедност, на 16 ноември беше забранет пристапот до интернет, со цел да се спречат протестите низ целата земја кои започнаа поради покачување на цената на бензинот.

Интернет-врската на мобилните телефони започна да биде достапна од 27 ноември. Во регионите Хузистан и Систан-Белуџистан пристапот до интернет беше овозможен минатата недела.

Со одлуката на иранските власти на 15 ноември во таа земја поскапе горивото за 300 отсто. Народот во Иран е соочен со економска криза која ја предизвикуваат и американските санкции.

Според „Амнести интернешнал“ (Amnesty International), за време на демонстрациите животот го загубиле најмалку 208 демонстранти, а притворени се 7 илјади луѓе.

Од друга страна, портпаролот на иранското судство, Гулам Хусејин Исмаили, истакна дека информациите што ги објавија меѓународните организации за човекови права за бројот на загинатите е „чиста лага“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın