Cüneyt Karadağ
25 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
БЕРЛИН
Германија не го прифаќа повикот на Комисијата на Европската Унија (ЕУ), која од сите европски земји побара да ги прифатат децата бегалци што се наоѓаат во Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на германската Влада, Улрике Демер, на неделниот брифинг со новинарите осврнувајќи се на прашањето за прифаќање на децата бегалци од Грција рече дека Германија на тоа не гледа позитивно.
„Бараме европско решение за иднината на овој проблем. Германија не може тоа да го стори сама“, нагласи Демер.
Германската новинска агенција „ДПА“, во веста базирана на портпарол од Комисијата на Европската Унија (ЕУ) напиша: „Комисијата е загрижена поради тешката состојба во Грција.“
Во веста се потсетува дека Комисијата на ЕУ повика европските земји да ги прифатат децата бегалци од Грција.
Портпаролот, исто така, се пожалил дека 3.000 деца бегалци од вкупно 5.276 деца бегалци сè уште се наоѓаат во камповите и дека ситуацијата е сериозна.