İdiris Okuduci
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Терористичката организација ЈПГ/ПКК денес изврши вооружен напад врз силите на пешмергите во Ирак со тешко оружје, изјави официјален претставник на Регионалната курдска управа во Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Група од осум вооружени членови на ЈПГ/ПКК се обиде нелегално да влезе во ирачкиот курдски регион преку Сирија, изјави заменик министерот на Регионалната курдска управа на Пешмерга, Сарбаст Лазгин за новинарите во Ербил.
„Кога силите на Пешмерга ги воочиле на границата, околу 50-60 терористи на ЈПГ/ПКК извршиле напад со тешко оружје врз позициите на пешмергите во регионот“, изјави Лазгин.
Официјалниот претставник нагласи дека силите на меѓународната коалиција предводена од САД ги обезбедува со оружје и им помага на ЈПГ/ПКК под изговор за борба против терористичката организација ДЕАШ.
Лазгин не сподели детали во врска со бројот на жртвите.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.