Sayed Khodaiberdi Sadat
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
КАБУЛ (АА) - Во бомбашки напади во авганистанскиот град Кабул и покраината Перван загина едно, а ранети се три лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полициската управа во Кабул, Фирдевс Фарамарз, изјави дека две лица се ранети при експлозија на автомобил-бомба во округот Пенјсед Фамили во Кабул.
Портпаролот на полициската управа на Каписа, Абдул Шајк Шуриш, изјави дека е активирана уште една бомба која претходно е монтирана на возило во кое се наоѓал персоналот на Управата за истраги на убиства во покраината Каписа, во регионот Серсајад, Перван.
Тој потврди дека во тој напад загинало едно, а рането е уште едно лице. Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.