Vesna Besiç
29 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
ИСЛАМАБАД (AA) - Бегалските населби во близина на пакистанскиот главен град Исламабад ја покажуваат тешката состојба на авганистанските бегалци кои веќе долги години живеат во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
За Авганистан зборуваат како за земја која од 1979 година е зафатена со војна, тероризам и борбата за власт, а дел од "среќните" жители на таа земја успеаа да избегаат во соседен Пакистан.
Првиот бран на авганистанските бегалци во Пакистан стаса за време на '80-те бегајќи пред репресијата на руските окупаторски сили. Во Пакистан, во многу тешки услови живеат 1,4 милиони нерегистрирани бегалци од соседниот Авганистан. Тие живеат во изолирани бегалски кампови, и иако значителен дел од нив се родил и во последните 30 години живее во Пакистан, властите и понатаму ги сметаат за бегалци
Фоторепортерот на АА посети еден таков камп каде забележа тешки услови во кои преживуваат бегалците. Децата се во кал, извалкани но со насмевки на лицата. Водата и калта околу куќата се нивното секојдневие.