Tufan Aktaş
19 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
АДИС АБАБА (АА)- Терористите на Ал Шабаб киднапираа 60 малолетници на југозападниот дел на Сомалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека децата се одземени од родителите на подрачјето Ел Гараш во Бакул.
Гувернерот Мухамед Моалим Ахмед изјави дека терористите ги киднапираат децата кои ги обучуваат да бидат војници и дека ги користат во нападите.
Тој истакна дека сѐ уште не е позната локацијата на која се однесени децата. Семејствата се загрижени за нивните животи.
Сомалија е земја на рогот на Африка, која со популација од 12 милиони жители, е една од десетте најсиромашни држави на светот. Најмногу поради сушата, околу 6,2 милиони лица во Сомалија зависат од хуманитарна помош во храна, а итната хуманитарна помош е потребна за 2,9 милиони лица во оваа земја.
Според извештаите на ОН, во периодот меѓу 2010 и 2012 година, во Сомалија поради суша и сиромаштија починаа 260.000 лица, а се претпоставува дека вистинскиот баланс е значително поголем. Сушата беше погубна и за земјоделството и сточарството во Сомалија.
Внатрешните судири и тероризам се додатни проблеми на сомалиското општество, а терористите на Ал Шабаб често ги пресретнуваат хуманитарните конвои и помошта не ни доаѓа до оние на кои им е потребна.