Sayed Khodaberdi Sadat
19 Јануари 2019•Ажурирај: 20 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку седум авганистански полицајци загинаа во напад на талибанците на полициска станица во покраината Фарах, на западниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Локалниот совет во Фарах, Дадулах Кане, потврди дека талибанските милитанти ја нападнале зградата на полицијата во местото Кариз Сајха, во Фарах.
„Најмалку седум полицајци загинаа, а шест се повредени“, изјави Кане.
Талибанците презедоа одговорност за нападот, наведувајќи дека убиле седум полицајци, а дека уште седум се заробени.