Ekipa
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
РАБАТ (АА) - Социјалната мрежа Твитер (Twitter) го затвори профилот на премиерот на Тунис, Саадедин Отмани, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на премиерот на Тунис е соопштено дека блокирањето на профилот следувало откако од средината на мај било забележано нагло зголемување на активностите на профилот.
Во соопштението, исто така, се наведува дека премиерот внимателно го следи случајот и оти официјалните соопштенија и пораки ќе почнат да се објавуваат по нормализација на профилот.