Orhan Onur Gemici,Sertaç Bulur
19 Февруари 2019•Ажурирај: 20 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Во случај терористките кои сакаат да се спасат од злоупотребата и силувањата на таканаречените челници на сепаратистичката терористичка организација ПКК, да не успеат со бегство, се казнуваат со егзекуција, додека дел од овие терористки го бираат самоубиството, пишува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносни извори, изјавите на терористите на ПКК фатени од страна на безбедносните сили, или кои се предадени, ја откриваат димензијата на случаите на сексуално злоставување извршено врз жените во оваа организација.
„Дилан Истанбул беше висока, русокоса и слаба. Таа се самоуби со рачна бомба откако беше силувана од Мурат Карајилан“, истакна еден терорист, кој во периодот од 2002 до 2003 година бил телохранител на Мурат Карајилан, еден од таканаречените високи челници на ПКК, во една изјава откако се предаде на безбедносните сили.
Од друга страна, терористка која се предаде на безбедносните сили, во врска со валканите работи настанати во ПКК, рече: „Бев силувана во втората ноќ откако дојдов во Кандил. Изутрина тоа му го кажав на одговорното лице. Тоа ми рече ’дојди, кажи ми што се случи‘, ме однесе во неговото засолниште и ме силуваше.“
- Се прикриваат случаите на силување
Терорист фатен минатата година, нагласи дека таканаречените високи челници кои вршат силување врз терористките во сепаратистичката терористичка организација ПКК, не добиваат никаква казна за тоа, и дека се прикриваат овие случаи.
„Челниците во организацијата вршат сексуално злоставување врз терористките. Таму не постои некоја сила која може да го спречи тоа. Знам голем број жени кои се жртва на тоа. Овие жени го видоа валканото лице на организацијата и на крај избегаа од ПКК“, рече еден од терористите, К. А.
Терористката Р. Ч., која минатата година се предаде на безбедносните сили, додека била на стража, некој терорист првин со раце, потоа вербално ја злоупотребил, а потоа се обидел да ја силува. Таа рече дека по тој случај избегала од организацијата.
Од друга страна, терористката со кодно име „Зилан Диџле“, рече: „Беше една од петте деца на едно курдско семејство од Махмур. Плачеше, велејќи дека е постојано сексуално злоставувана. Слушнав дека минатата година се самоубила со рачна бомба во кампот „Боле“. Потоа дознав дека ова лице е Зејнеп со кодното име „Беритан Хилал“, и дека се самоубила бидејќи постојано била силувана.“
- Случаите на силување во организацијата не се нови
Според информациите добиени од изјавите на терористите, терористките на ПКК се изложени на сексуално злоставување на терористите од периодот кога оваа организација почнала да реализира терористички активности.
Терористката „Рожин од Мардин“, во текот на 1995 година, кога била испратена до лидерот на оваа организација, Абдула Оџалан, во Сирија, била силувана од Х. А., од таканаречената висока управа на организацијата.
Терористката Б. А., која ги раскажа случувањата во оваа организација, рече дека терористката С. Ч., која во 1994 година останала бремена од еден терорист, била егзекутирана. Според неа, една друга терористка се самоубила откако била во врска со терористот Осман Оџалан, брат на лидерот на ПКК, Абдула Оџалан.