свет

Трамп ја предупреди војската на Венецуела: „Со поддршката на Мадуро ги ризикувате своите животи“

Трамп се состана со мигрантите од Венецуела кои живеат во Флорида, а во обраќањето порача дека Мадуро повеќе не е легитимен претседател на Венецуела, туку дека тоа е лидерот на тамошната опозиција, Хуан Гваидо.

Hakan Çopur  | 19.02.2019 - Обновена : 20.02.2019
Трамп ја предупреди војската на Венецуела: „Со поддршката на Мадуро ги ризикувате своите животи“

Washington DC

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп упати ново предупредување кон вооружените сили на Венецуела поради поддршката која ја пружаат на претседателот на оваа јужноамериканска земја, Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп се состана со мигрантите од Венецуела кои живеат во Флорида, а во обраќањето порача дека Мадуро повеќе не е легитимен претседател на Венецуела, туку дека тоа е лидерот на тамошната опозиција, Хуан Гваидо.

„САД е со Гваидо и со народот на Венецуела. Не само во Венецуела, последните денови на социјализмот и комунизмот се одбројуваат и во Никарагва и Куба“, изјави Трамп.

Трамп ја повика војската на Венецуела да се откаже од поддршката на Мадуро и да застане на страната на Гваидо.

„Војниците ги ризикуваат своите животи и иднината на Венецуела, така што поддржуваат еден човек кој го контролира кубанската војска. Доколку продолжите да го поддржувате Мадуро, повеќе нема да можете да пронајдете безбедно засолниште, ниту лесен излез. Ќе изгубите сѐ“, порача Трамп на венецуелската војска.

Истакнувајќи дека САД сакаат да видат мирна револуција и промена во Венецуела, Трамп изјави дека и понатаму сите опции се на маса.

Коментирајќи ја ситуацијата и во другите земји на Латинска Америка, Трамп изјави дека социјализмот умира, а дека се раѓаат слободи, просперитет и демократија.

Венецуела е зафатена со протести од 10 јануари, кога Мадуро положи свечена заклетва за втор мандат, по изборите кои беа бојкотирани од опозицијата.

Тензиите пораснаа кога на 23 јануари Гваидо се самопрогласи за вршител на должноста претседател, потег кој беше поддржан од САД и од многу европски и латиноамерикански земји.

Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико му ја дадоа својата поддршка на Мадуро.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.