Ruslan Rehimov
27 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменската Армија околу 6:00 часот отворила провокациски артилериски оган кон позициите на азербејџанската Армија и цивилните населби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека има загинати и ранети цивили како резултат на бомбардирањето на ерменската Армија врз селото Гапанли во областа Тертер, селата Чиракли и Орта Гаванд во Агдам, селата Алханли и Шуќурбејли во Фузули и селото Чоџук Мерџанли во областа Џебрајил.
Исто така се наведува дека цивилната инфраструктура во овие области е сериозно оштетена.
Азербејџанската Армија, според соопштеното, одговорила на непријателските провокации за да се осигури безбедноста на луѓето што живеат во областите близу до границата.