Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
26 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
ХАСЕКЕ/АНКАРА (АА) - Поранешните жители на селото Кешкеш Џебур, во покраината Хасека на североистокот на Сирија, чии куќи беа запалени од терористичката организација ЈПГ/ПКК пред четири години, протестирајќи против организацијата побараа обештетување за нивните уништени куќи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, Арапите од селото Кешкеш Џебур, чии куќи беа запалени од терористите на ЈПГ/ПКК пред 4 години, се собраа во центарот на областа Шедади и одржаа демонстрации.
Наведувајќи дека не се исполнети ветувањата дадени за реконструкција на нивното село, демонстрантите побараа ЈПГ/ПКК да плати отштета за нивните куќи што ги уништила со подметнување пожар.
Демонстрантите побараа итно ослободување на жителите од регионот, кои се приведени од страна на терористичката ЈПГ/ПКК.
Тие, исто така, порачаа дека протестите ќе продолжат да се шират доколку нивните барања не бидат исполнети.
Во 2016 година, терористичката организација ЈПГ/ПКК, користејќи ја терористичката организација ДЕАШ како изговор, запали десетици куќи во селото Кешкеш Џебур во областа Шедади во Хасеке.
Организацијата ги прогони жителите на селата, кои се Арапи, во центарот на Шедади и во околните села.