Hasan Esen
26 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија, и покрај забраната за демонстрации, припадниците на групата „StandUpX“, кои не го поддржуваат воведувањето мерки против коронавирусот и вакцината, протестираа во главниот град Лондон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Членовите на „StandUpX“ се собраа на плоштадот „Трафалгар“. Иако има забрана за собирање на повеќе од 6 лица, демонстрантите на протестите истакнаа дека со мерките им е ограничена слободата.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Нема одобрување“, „Ковид-19 е измама“, „Од кога тиранијата стана закон“. Тие исто така побараа да се укинат мерките.
Полицијата ги следеше протестите на кои присуствуваа околу 2.000 лица.
За време на минатонеделните протести, демонстрантите се судрија со полицијата и 32 лица беа приведени.
Во Велика Британија вчера беа откриени 6.874 нови случаи со Ковид-19, што е најголем раст на случаите на дневна основа регистриран од почетокот на пандемијата.
Во земјата евидентирани се вкупно 41.936 смртни случаи од Ковид-19, најмногу во Европа.