Ruslan Rehimov
27 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија започна контранапад откако ерменските сили отворија оган врз цивилните населби во Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека Командата на азербејџанската Армија одлучила да изврши контранапад по целиот фронт за да се осигури безбедноста на цивилното население.
„Копнените трупи, тенковските единици, ракетните и артилериските единици, со поддршка на беспилотните летала, откриле и уништиле многу ерменски војници, објекти и воени возила на фронтот“, се истакнува во соопштението и се додава дека се уништени 12 противавионски ракетни системи ОСА (OSA), што ѝ припаѓаат на Ерменија.
Исто така се наведува дека воен хеликоптер на азербејџанското воено воздухопловство бил соборен од ерменската Армија во областа Тертер и дека нема повредени или загинати од екипажот на хеликоптерот.