Şerife Çetin
03 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди вчерашниот напад на конвојот на НАТО во авганистанската покраина Кандахар, во кој загинаа двајца американски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Остро го осудувам вчерашниот напад кој во Кандахар беше извршен врз конвој на НАТО, и кој ги чинеше живот сите американски војници”, порача Столтенберг, потсетувајќи дека се ранети четворица војници.
На семејствата на загинатите им упати сочуство, а на ранетите им посака побрзо опоравување. Столтенберг вчерашниот напад го нарече низок и див, порачувајќи дека овој настан нема да доведе до нивно откажување од поддршката на авганистанските сили.
Тој додаде дека нема да дозволи Авганистан повторно да стане рај за меѓународниот тероризам.
Бомбашот-самоубиец вчера изврши напад со автомобил-бомба врз конвојот на НАТО на подрчајето на Сурандам, во Кандахар. Уништени се две возила од конвојот. Одговорност за нападот презедоа талибанците.