Büşra Selvi Öğütcen
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
АНКАРА (АА) - Се очекува бројот на лица со оштетен вид до 2050 година да изнесува 115 милиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Овие податоци на својата интернет страница ги објави списанието „Lancet Global Health”, информирајќи дека доколку не се обезбеди поголем фонд и не се унапредат третманите, се очекува моменталниот број од 36 милиони лица со оштетен вид, за 33 години да се искачи на 115 милиони.
Истражувањето наведува дека основна причина за зголемувањето на бројот на лица со оштетен вид е стареењето на населението. Најголем процент на слепи и лица со оштетувања на видот се забележани во Јужна Азија и Супсахарска Африка.
Во истражувањето е забележано дека повеќе од 200 милиони луѓе во 188 земји имаат средно и напредно ниво на оштетување на видот. До 2050 година бројката на ова ниво на оштетувања кај луѓето би можело да биде регистрирано кај повеќе од 550 милиони луѓе.
Во Јужна Азија има 11,7, во Источна Азија 6,2, а во Југоисточна Азија 3,5 милиони лица со оштетен вид. Во Супсахарска Африка 4 отсто од населението е со оштетен вид, додека бројката на лица со оштетен вид во Западна Европа изнесува 0,5 отсто.