Mehmet Tosun
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Агенција Анадолија (АА) преку неделната подкаст емисија „Визуелноста говори“, им овозможува на лицата со оштетен вид да ја пратат агендата во Турција и во светот.
Агенцијата со подкаст емитувањата започна на 21 април во рамките на Визијата за 100-годишнината на АА. Има за цел сеопфатното известување да го пренесе на секој член на општеството преку соодветни медиуми и методи.
Во емисијата насочена кон лицата со оштетен вид, се презентираат вести, фотографии и инсерти на Агенција Анадолија од целиот свет.
Емисијата, исто така, вклучува настани што од интерес на лицата со оштетен вид и воопшто на лицата со попреченост.
Подкастите се споделуваат секоја среда на апликациите како „Саунд клауд“ (SoundCloud) и „Спотифај“ (Spotify).
Досега Агенција Анадолија за лицата со оштетен вид емитуваше 32 поткаст емисии.