Турција

Ердоган: „Секој напад врз семејството го сметаме за закана на нашето постоење“

Во Анкара е одбележана 86. годишнина од стекнувањето право на жените на бираат и да бидат бирани во Турција, а на присутните се обрати и турскиот претседател Ердоган

Barış Gündoğan  | 03.12.2020 - Обновена : 03.12.2020
Ердоган: „Секој напад врз семејството го сметаме за закана на нашето постоење“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во земјата секој напад врз семејството се смета за директна закана на опстојување на општеството, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во седиштето на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија) во Анкара е одбележана 86. годишнина од стекнувањето право на жените во Турција да гласаат и да бидат гласани, а на присутните се обрати и турскиот претседател Ердоган.

„Никој не е нечија сопственост, па така и жените не се нечија сопственост и неприфатлив е каков било неморален однос кон нив“, порача Ердоган.

Турскиот претседател изјави дека жените во Турција се заштитени од насилство, а дека исто така е неопходно и да се штитат и од терористичките организации кои ги киднапираат и ги носат во камповите во планините.

„Наша должност е да застанеме наспроти секого кој ги загрозува правата на жените“, порача Ердоган.

Тој понатаму изјави дека жените треба да се штитат од различни видови дискриминација со кои се соочуваат поради верската припадност и начинот на облекување.

Турскиот претседател исто така порача дека Турција нема да дозволи игри од оние кои промовираат обичаи и манифестации кои немаат поврзаност со турската култура и религија и од оние кои сакаат да ја загрозат стабилноста на семејството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın