Kasım İleri
03 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на САД (Пентагон) соопшти дека во самоубиствениот напад кој беше извршен врз воен конвој на НАТО во авганистанската провинција Кандахар, животот го загубиле 2 американски војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Авганистанското биро во Пентагон, Адам Стамп, за АА изјави дека во самоубиствениот напад врз воениот конвој на НАТО во Кандахар животот го загубиле двајца американски војници.
Портпаролот Стамп изјави дека подетално соопштение се очекува од командата на американските сили во Авганистан. Стамп не даде други информации дали има други загинати или повредени во самоубиствениот напад врз воениот конвој на НАТО.
Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот и тврдат дека покрај двајцата американски војници, загинале се уште 15 други војници.