İdris Okuducu
18 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Собранието на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак (IKBY) донесе одлука за започнување истрага во врска со вчерашниот напад врз ресторан во ирачкиот град Ербил, во кој загинаа еден турски дипломат и двајца државјани на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Членот на Комисијата за безбедност и внатрешни работи на Собранието на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак (IKBY), Мухамед Саид, за локалните медуми изјави дека комисијата ќе спроведе детална истрага за синоќешниот вооружен напад во Ербил, и дека полициските сили ќе ја следат оваа истрага заради побрзо пронаоѓање на сторителите на овој напад.
Саид додаде дека информациите што ќе бидат добиени преку истрагата ќе бидат соопштени на јавноста, и дека целта на Собранието и на Владата е да ги заштити животите на граѓаните, првенствено на дипломатите, како и вкупната стабилност во регионот.
Ирачката полиција соопшти дека во вооружениот напад во ресторанот во Ербил бил убиен еден службеник на турскиот Конзулат и двајца ирачки државјани.