Aşkın Kıyağan
04 Јуни 2022•Ажурирај: 05 Јуни 2022
БРАТИСЛАВА (АА) - Најмалку 50 лица се повредени во железничка несреќа до која дојде вчера во Словачка, известува Агенција Анадолија (АА).
„До несреќата дојде кога во патнички воз, кој се расипал кај Жилина, удрила локомотива што тргнала во помош“, се наведува во соопштението на полицијата.
Според првичните извештаи, четворица повредени се во критична состојба и згрижени се во најблиските болници.
Словачките министри за внатрешни работи, транспорт и здравје стигнаа на местото на настанот. Во тек е истрага за несреќата.