Sibel Uğurlu
01 Септември 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
ИДЛИБ (АА) - Руски воени авиони вчера нападнаа области под контрола на опозицијата во покраината Идлиб, користејќи фосфорни бомби, при што загинаа две лица, изјавија за Anadolu Agency локални извори на одбраната.
Воени авиони изведоа напад врз градот Тафтаназ, кој се наоѓа во североисточниот дел од покраината, соопштија извори кои сакаа да останат анонимни поради безбедносни причини.
Белиот фосфор е хемиска супстанца која се користи во гранати и бомби, но не се смета за хемиско оружје како иперитот или хлорот.
Експертите за оружје предупредуваат дека фосфорните бомби може да предизвикаат болни и фатални изгореници. Наводно, руските трупи го користеле во битката за Грозни во 1994 година во Чеченија.
Изворот додаде дека како резултат на нападот избил пожар во подрачјето, но пожарникарите успеале да го изгаснат.
Ебу Мерван, жител на Тафтаназ, за АА кажа дека руските авиони на почетокот нападот го извеле со кластер бомби а потоа користејќи бомби со бел фосор.
„Беа нападнати станбени подрачја, а бомбардирањето траеше половина час”, рече тој.
Од 2011 година Сирија е средиште на граѓанска војна откако режимот на Башар ал-Асад презеде остри мерки против про-демократските протести.
Според Сирискиот центар за политички истражувања, во текот на петгодишниот конфликт загинале над 470.000 Сиријци.