Ahmet Sait Akçay
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Како резултат на обновените односи со Анкара, Русија денес објави дека ги укинува ограничувањата за студии во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервјуто за руската новинска агенција РИА Новости, Николај Tоивонен, раководителот на Меѓународниот сектор на Министерството за образование и наука, изјави: „Одредено време имаше ограничувања за руските студенти за патување на студии во Турција. Ние не можевме да ја осигураме нивната безбедност. (Но сега) кога ги одобривме чартер летовите до Турција, не постојат ограничувања и во однос на образованието“.
Билатералните односи меѓу двете земји се влошија во ноември минатата година, кога Турција собори руски воен авион што навлезе во турскиот воздушен простор, но односите беа подобрени во јуни и јули оваа година, со меѓусебна комуникација и средба на лидерите на двете земји.
Како дел од тој процес, руската Влада постепено ги укинува рестрикциите кон Турција.