Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
ХАМА (АА) – Во напад на сириски воени авиони врз врз цивили на северот од градот Хама во Сирија животот го загубија 25 лица, а 35 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник за цивилна одбрана на Хама, Хусеин Фади, за АА изјави дека авионите на режимот бомбардирале цивили кои се обидувале да избегаат од судирите меѓу опозициските сили и силите на режимот на северот од градот Хама во подрачјето Соран.
Фади рече дека во нападот 25 цивили загинаа, а 35 се повредени меѓу кои жени и деца во обид да пребегаат кон побезбедните области на југот од Идлиб. Тој пренесе дека екипите на цивилната одбрана интервенирале по експлозијата за гаснење на запалените возила, а ранетите биле префрлени до најблиската болница.